Марин Чилиќ се пласира во полу-финалето на Мастерс турнирот во Шангај. Хрватот во два сета го совлада Шпанецот Алберт Рамос Вињолас (6:3, 6:4).

Поранешниот овојувач на Отвореното првенство на САД, Марин Чилиќ, избори полу-финале во Шангај против подобриот од дуелот помеѓу Рафаел Надал и Григор Димитров и воедно од понеделник ќе го има својот најдобар пласман на АТП листата. Хрватот од понеделник ќе се наоѓа на четвртото место на АТП листата.

Чилиќ против Рамос Вињолас одигра сигурен меч, направи еден брејк во шестиот гем од првиот сет, а во вториот најпрвиот успеа да го врати загубениот сервис, а потоа со нов брејк по 82 минути игра го заврши мечот. н.ц.