Прочистувањето на лимфниот систем се спроведува два пати годишно: наесен и напролет




Лимфниот систем е важен дел од имунолошкиот систем. Неговата функција е да го заштити телото од вируси и бактерии. Тие се неутрализираат во лимфните јазли и така се спречува нивното навлегување во крвни садови.




Кога лимфниот систем е во добра форма, целото тело работи како часовник. Меѓутоа, поради специфичната функција, лимфниот систем е склон кон насобирање токсини, па потребно е одвреме-навреме да се направи негова детоксикација.




Тоа особено им годи на луѓето со респираторни, кардиоваскуларни и бубрежни проблеми, како и на луѓето со синдром на хроничен умор.




Овој рецепт од книгата „Златни рецепти: билна медицина од среден век до денешен ден“ ќе му помогне на вашето тело многу брзо да го прочисти лимфниот систем.




Чај за поздрав живот од чешката исцелителка Роса Фалешникова.
Потребни состојки:
- 25 г ливчиња од рузмарин
- 20 г цветови од мајчина душица
- 15 г нане
- 10 цветови од глог
- 10 г корен од кленовина
- 10 г корен од ангелика
Приготвување:




Измешајте по 2 лажици од сите производи и прелејте ги со 1 литар ладна вода и оставете ги да зовријат. Тргнете ги од рингла и оставете ги 1 час да се оладат. Исцедете и пијте ја напивката во текот на денот со малку мед.