Голем дел од нас се борат со вишокот наслаги на стомакот и прават различни обиди за намалување на обемот. Но, тајната се крие во храната која ја конзумираме.

Која е храната која гарантира рамен стомак?

Зелен чај

Антиоксидантите во една шолја зелен чај ја спречува апсорпцијата на мастите, но тоа не е сè. Зелениот чај го подобрува метаболизмот и придоенесува за намалување на килограмите.

Лимон

Цедениот лимон во чаша вода, особено доколку е топла помага во активирање на гастроинтестиналниот тракт, така што на храната и е полесно да се во нашето тело.

Банана

Калиумот кој може да се најде во бананата прави чуда кога станува збор за ослободување на вишокот течности од нашето тело. Затоа, бананата и покрај калориите е одлично решение за рамен стомак.

Компири

И компирите се богати со калиум, се додека не ги конзумирате со кашкавал и многу путер. Доколку се конзумираат умерено и паметно, можат да помогнат во борбата за рамен стомак. Тие го подобруваат варењето и ги намалуваат воспаленијата во нашето тело.

Маслиново масло

Ова анти-воспалително масло штити од висок холестерол, но е и одличен сојузник против килограмите.

Јогурт со пробиотици

Јогуртот е богат со здрави бактерии и е одличен за варењето и подобрување на расположението.

Краставица

Овој зеленчук е природен диуретик, кој помага во исфрлањето на вишокот течности во нашето тело, што е број 1 причина за подуеноста во стомакот.

Киноа

Оваа замена за бело брашно е храна која не содржи глутен и која е богата со природни влакна. На тој начин, таа го подобрува варењето и ја намалува подуеноста.

Темно чоколадо

Земано во умерени количини, тоа е природен убиец на апетитот и одличен борец против стресот.

Боровинки

Истражувањата покажуваат дека антиоксидантите во ова вкусно овошје помагаат во намалување на подуеноста и мастите во делот на стомакот.

Спанаќ

Богат со витамин А, Ц , Е и К , спанаќот помага во борбата против вишокот масти и килограми.