Две жени се нападнати со чекан во францускиот град Шалон сир Саон. Напаѓачот наводно извикувал „Алах екбар“.

Локалните медиуми пренесуваат дека нападот го извел психички нестабилна личност.

„Мажот нападна две жени со чекан и полесно повреди една од нив“, соопштија локални официјални лица.

Напаѓачот, кој бил облечен во црно, извикувал „Алах екбар“ и побегнал од местото на настанот.