Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, им се приклучи на насобраните пред кривичниот суд кои протестираат по денешните апсења на функционери и членови на партијата.

На протестот се присутни членови на опозициската партија и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Рамо до рамо до Груевски е и поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, потоа актерот Тони Михајловски и други.

Пред Судот е и семејството на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој е на распит во Судот. Присутни се и роднини и пријатели на обвинетите.