Педесет парови си ветија вечна љубов на групна венчавка во Белград, на манифестација која традиционално се одржува секоја година на 20 мај.
Венчавката се одржа пред градското собрание, а заменик – градоначалникот на Белград на младенците им посака среќа во заедничкиот живот, здравје и деца.
Групната венчавка е бесплатна, а на младенците им се на располагање и услугите на салоните за венчаници, за фризура и шминка, а можат да користат дури и бесплатни совети на лекари.
Годинава се пријавиле и парови од Македонија, Либија, Австрија, како и Срби од дијаспората. Порталот „Град во Беград“ наведува дека вкупно имало околу 200 парови.
Првата групна венчавка се одржала во 1999 година за време на бомбардирањето на НАТО и од тогаш се одржува секоја година во мај.