Една девојка ја сподели својата приказна за нејзиниот неверојатно голем сексуален апетит.
“Кога станува збор за секс, секогаш знаев дека моите интереси се значително различни од интересите на нормалните луѓе. Ме возбудуваам ногу нешта кои другите многу лесно би ги класифицирале како чудни. Имав многу чудни фетиши и многу мастурбирав. Најлошо од сè беше дека ништо не ме возбудуваше повеќе од групен секс. Не само што сакав да имам секс со многу луѓе, туку сакав и да ги лажам. Тоа беше главното нешто што ме возбудуваше.
Обичниот живот ми беше досаден. Почнав да имам секс со луѓето на работа. Потоа почнав да имам секс со девојка со која што се запознав преку работата. Никој не знаеше за другите. Некогаш бев мажена, а за целото тоа време на личноста со која имав секс на работното место и велев дека ја сакам и дека поради неа ќе го напуштам мојот маж. Никогаш не го направив тоа. Ништо од ова за мене не е чудно, напротив, тоа се обични, нормални работи. Бев мажена и спиев со три жени од работата и на сите им кажав дека ги сакам. Можеби ова звучи страшно, или возбудливо. Не знам. За мене тоа е возбудливо. Цело време бев под напон. Понекогаш имав секс со две личности во текот на денот, а понекогаш и со четири. Ако ми останеше малку време, тогаш мастурбирав.
Ова однесување ми создаваше големи проблеми. Имав многу шанси да ги менувам работите, но јас само продолживнапред до горчливиот крај. Одев напред, додека не се најдов во аголот кој ме притискаше, без излез. Тука е местото каде настапува “зависноста”. Правев многу нешта, сексуални, кои целосно ми го уништија животот. Но, тоа ми даваше неверојатен адреналин. Подоцна ми беше непријатно, бев во депресија поради работите кои ги направив, а единственото нешто што ми помагаше повторно да се чувствувам добро беше нов луд секс.
Целиот овој процес се повторуваше, додека не се разделив со мажот, останав без работа и дом. Почнав да живеам заедно со една жена. Беше одлично, но таа не ми беше добар пријател. Сфатив дека е дојдено време да одам на рехабилитација. Тоа не беше пријатно, но ми помогна да го променам своето однесување. Само што тоа не траеше долго. Една година откако ја напуштив рехабилитацијата, спиев со својот шеф, колегите, но возбудата исчезна. Сето ова сега е само навика. И решив засекогаш да се ослободам од неа. Иако за многумина зависноста од секс, всушност, не е вистински проблем, туку само изговор за спиење со многу луѓе, мојот пример го покажува токму спротивното.
Сепак, секој од нас има свој, личен однос кон сексот и кон она што тој значи. Сите имаме различни ставови за тоа што е прифатливо, а што не е. Ако сте искрени со себе и при тоа не повредувате никого, никогаш не треба да се грижите дали сексуалната зависност навистина постои. ”
Нимфоманијата е ментално заболување, изразено во компулсивно сексуално однесување. Во научните кругови долго се спори дали тоа е болест или не, но најновите истражувања водат кон тоа дека нимфоманијата е сериозна болест. Нимфоманијата може да му се случи на апсолутно секој зрел човек, но искуството покажува дека поголем број слични случаи има кај жени, како и кај хомосексуални мажи. Слично на други ментални болести, нимфоманијата може да настане како резултат на нешто од животната средина, да биде наследна, како и на неа да влијаат некои животни настани од минатото. Таа може да биде поврзана и со хемиски дисбаланс во мозокот. Третманот на нимфоманијата може да вклучува психотерапија и лекови. Понекогаш се користат антидепресиви или антипсихоптици слични на лековите кои се користат за други компулсивни нарушувања.