1. Не внимавате на исхраната

Често забораваме дека психичкиот стрес произлегува од физички стрес, а тој пак доаѓа од лошата грижа за телото и за здравјето. Една од главните компоненти за добро здравје е правилна исхрана. Тоа значи дека мора да јадете развовидна храна, но не заборавајте дека мора редовно да се храните, односно да не пресконувате оброци. Посебно е важно да не ја џвакате храна пребрзо.

2. Премногу сте критични кон себе

Живееме во натпреварувачко општество кое понекогаш не тера себеси да си наметнеме нереални очекувања. Кога нешто не можеме да го оствариме, стануваме најлош непријател и критичар на себе. Престанете да се критикувате сами себе, присетете се на своите квалитети и животот креирајте го според сопствените желби, а не според туѓите.

3. Немате сила да ги исфрлите токсичните пријатели од својот живот

Тешко е да се прекинат односите поради кои не се чувстуваме добро, но тоа е болна точка која секој од нас треба да ја направи. Тоа ќе ни донесе само добри работи во животот. Имате пријатели кои постојано ве критикуваат? Не се веселат на вашата среќа? Тоа се токсични луѓе кои немаат што да прават во вашата близина.