Три пара, од кои два хетеросексуални и еден хомосексуален, го прифатиле предизвикот – решиле да водат љубов секој ден во текот на 30 дена.

– Сексот ja одржува хемијата, физичкото зближување со партнерот помага емотивно, дури и духовно да се поврзете, тврдат сексуалните терапевти.

Сепак, паровите забележале дека секојдневниот секс воопшто не е толку забавен, како што очекувале.

Еден од паровите “паднал” уште на осмиот ден, а другите два признале дека им било страшно и дека најубавата работа на светот им се претворила во груба обврска.

– Што е многу, многу е! Тоа е потешко отколку што очекувавме, заклучија сите парови.

На крајот на предизвикот сите признаа дека повеќе никогаш нема да го присилуваат партнерот да имаат секс толку често, но и дека ова искуство им ги отворило очите.