Снимки, од кои ќе ве полазат морници, од една британска болница, во некогашното психијатриско крило, предизвикале паника меѓу мештаните во Бедфордшир.
Имено, станува збор за снимка од болничка дрвена врата која сама се отвора и затвора со чкрипење како од хорор филм. Очигледно дека не станува збор за промаја, затоа што се ниша, а и нагло се отвора, па потоа се затвора.
Се започнало кога болничарката Хана забележала сомнителна фигура на прозорот од болницата.
NHS worker films ‘paranormal activity’ inside eerie abandoned hospital winghttps://t.co/39B1QmO0XY pic.twitter.com/IYsfE4SzIN
— Daily Mirror (@DailyMirror) May 30, 2019
Хана која била дежурна одлучила со својата колепшка болничарка да истражи што се случува.
Додека се доближувале кон скалите кои воделе до крилото на некогашната психијатрија, вратата почнала да се отвора и затвора без нечие видливо учество во тоа. Тоа траело неколку минути, а Хана успеала и да сними.
Според извештајот на Националната здравствена служба од 2017 година, ова крило од болницата е прогласено за неадекватно за пружање на здравствени услуги за ментално здравје.