И покрај скандалот со злоупотребата на личните податоци на милиони корисници, најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ од почетокот на годинава бележи речиси 50 отсто раст на приходите, па разлика на минатогодишните 8 милијарди долари, сега достигна 11,9 милијарди долари.
Приходите од рекламирање достигнаале 11,7 милијарди долари за разлика од 7,8 милијарди долари регистрирани во првите три месеци од минатата година. Профитот на компанијата за овој период исто така значително се зголемил од 3 до 4,9 милијарди долари.
Според податоците на „Фејсбук“ за кварталот, бројот на активни дневни корисници се зголемил 13 отсто годишно, на 1,45 милијарда, или 3,5 отсто во споредба со претходниот квартал. Во март бројот на активни дневни корисници достигнал до 2,2 милијарди, што е 13 отсто повеќе од март минатата година.