Доналд Трамп Jуниор и неговата сопруга Ванеса во заедничка изјава објавија дека се разведуваат, пренесе Си-Ен-Ен.
„По 12 години брак, одлучивме да продолжиме по одделни патишта. Секогаш ќе имаме почит еден кон друг, како и кон нашите семејства. Имаме пет прекрасни деца кои се еден од нашите главни приоритети. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овие моменти“, се наведува во заедничката изјава.
Како што пренесуваат американските медиуми, снаата на Донал Трамп поднела барање за развод во Врховниот суд во Менхетн. Белата куќа одби да коментира за разводот.
Брачната двојка се запозна во 2003 година на модна ревија, а се венчаа во 2005. И покрај тоа што остана надвор од очите на јавноста, Ванеса се појави во медиумите кога минатиот месец отвори писмо што содржеше сомнителни супстанции.