Во италијанскиот град Венеција е забрането да се отвораат ресторани кои нудат опција за носење во наредните три години, со цел да се намали количината на смет во тој мал град.
Овие правила, како што се наведува, нема да важат за произведувачите на сладолед, но ќе важи за пицерии и ресторани кои продаваат ќебапи.
Голем број туристи кои ја посетуваат Венеција, пред да одберат храна за носење и да ручаат,го разгледуваат градот и неговите знаменитости, но како последица на тоа, градот има големи количини на смет кое станува се поголем проблем.
Покрај тоа, сметот се одразува негативно и го зголемува бројот на гулаби, кои им создаваат проблеми на локалните жители, па поради тоа воведени се и казни за оние кои ќе ги хранат гулабите.