Секоја жена мора да ги знае интимните промени кои ѝ се случуваат. Исцедокот е првата работа според која може да процените дали страдате од некоја инфекција или нешто многу посериозно.
Промената на бојата и мирисот може да се случат од воспаленија и инфекции или промени предизвикани од хормонална нерамнотежа.
Жолтеникавиот исцедок пропратен со промена на мирисот, болни сексуални односи, со или без црвенило и чешање упатува на бактериска инфекција. Терапијата е неопходна бидејќи истата се пренесува на партнерот.
Густиот бел исцедок и чувство на непријатност и пецкање може да биде пропратено со сувост и пукање на кожата најчесто е предизвикан од габична инфекција.
Воденестиот, сивкаст исцедок обично е знак на бактериска вагиноза, односно бактериска нерамнотежа.
Крвавиот исцедок кој трае подолго од просечна менструација може да значи хормонална нерамнотежа. Ако потрае неколку недели може да предизвика сериозни проблеми, затоа секогаш е важно да посетите лекар.
Ова се четирите најчести проблеми кои жените знаат да ги игнорираат, но можат да имаат сериозни последици.
Доколку забележите било кој симптом, задолжително закажете термин или барем јавете се за да побарате помош.