Оваа зима ќе „пукате“ од здравје и енергија доколку го направите овој еликсир. Оваа витаминска бомба, како што се тврди, ќе ви даде многу енергија.
Направете ја веднаш:
Потребни ви се:
- 200 мл мед
- 200 гр ореви
- 200 гр суво грозје
- 200 мл сок од моркови
- 200 мл сок од цвекло
- 2 лимони
Подготовка:
Измијте ги лимоните, пресечете ги на половина и од секоја половина извадете ги семките. Сомелете ги лимоните заедно со кората, освен ако лимонот е прскан, а потоа масата ставете ја во стаклена тегла од еден литар. Додајте мед, сок од цвекло и морков и се добро измешајте.
Потоа додајте ги мелените или ситно сецкани ореви и суво грозје и повторно измешајте. Подготвената смеса чувајте ја во тегла во фрижидер.
Земајте по една лажица од оваа смеса пред секој оброк, три пати дневно.