Лекари од Ерусалим останале шокирани кога на преглед дошло дете чии родители биле загрижени поради неговата постојана поспаност.
Родителите со детето од Палестина пристигнале во Медицинскиот центар Хасадах.
Веднаш бил прегледан, а на главата му пронашле мала рана и крв, по што снимале на скенер и откриле дека детето има куршум во глава. Куршумот поминал низ черепот и запрел во мозокот на детето.
Неврохирургот Гај Елор, кој го извадил куршумот од главата на детето, вели дека родителите не знаеле дека нивното дете е погодено.
„Мајката рече дека си играло со другарчињата и дека нешто се случило, дека можеби нешто паднало на него. Приказната не е потполно јасна. Имаше мала дупка на главата“, изјави Елор.
Оттаму се сомневаат дека детето е погодено од залутан куршум во текот на прославата на Курбан бајрам.
„Да отишол куршумот во друга насока, би можел да предизвика поголема штета и значително невролошко оштетување“, рече лекарот и додаде дека за среќа детето добро се опоравува и е во можност да разговара со семејството.
Извор: Slobodenpecat.mk