Приближно 90.000 бегалци, главно припадници на муслиманскиот народ Рохинга, од Мјанмар побегнале во Бангладеш кога на 25 август во земјата избија судири, соопшти ОН.
Камповите за бегалци во Бангладеш се преполни. Во текот на изминатите недели запалени се повеќе од 2.600 дома во северозападниот дел на Мјанмар, наведоа претставниците на УНХЦР.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди претходно дека судирите во Мјанмар може да предизвикаат хуманитарна катастрофа.