Ви го претставуваме магичниот еликсир за долговечност!
Состојки
• 4 моркови
• 3 јаболки
• Сок од половина лимон
• Мало парче излупен ѓумбир (околу 2cm)
Подготовка
Ставете ги сите состојки во соковник и добиениот сок веднаш испијте го.
- Морков
Морковот го подобрува видот, штити од рак, кожата ја прави млада и здрава, а исто така добар е и за срцето, забите, го прочистува организмот и штити од срцев удар.
- Јаболка
Јаболката го јакне имунитетот, помага при слабеење, ја подобрува работата на бубрезите и црниот дроб, штити од болести во усната празнина, го подобрува варењето на храната, го штити срцето и крвните садови, го ублажува стресот, уморот и несоницата, штити од бактериии вируси и спречува неколку видови рак.
- Лимон
Лимонот го чисти црниот дроб и ја подобрува неговата работа. Тој е природен антисептик и антиоксиданс, го спречува грипот, настинката и многу други инфекции, помага при желудочни тегоби, помага при варењето на храната, ја подобрува работата на цревата и го олеснува нивното празнење.
Исто така, го спречува гингивитисот и стоматитисот, помага при намалување на крвниот притисок и зголемување на нивото на добар холестерол, ги ублажува грчевите и болките во мускулите, го регулира метаболизмот, штити од стрес и депресија, го намалува ризикот од мозочен удар, го спречува создавањето на камен во бубрезите и штити од остеопороза.
- Ѓумбир
Ѓумбирот ги олеснува желудочните тегоби и надуеноста, ја ублажува кашлицата и болката во грлото, го олеснува гадењето (особено морска болест, утринска мачнина, гадење предизвикано од движење и гадење поради хемотерапија). Ѓумбирот има антибактериски, антигабични и антитоксични својства и затоа се користи како превенција од грип и настинка.