6 C
Skopje
среда, ноември 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Причини зошто постелнината треба да се пере често

    За да се избегнат дел од причините за здравствените проблеми, постелнината треба да се пере еднаш неделно на препорачана температура, тврдат експертите.

    – Зависно од тоа за што и колку креветот се користи, како и колку сте чисти кога во него се легнува и дали носите пижами, вашиот кревет може да биде многу нечист и да му наштети и на телото, изјави  Лајза Акерли говорејќи за важноста на честото менување на постелнината

    Како што наведува „Сан“, таа потсетува дека постелата е плодно тло за размножување на бактериите, особено поради влагата што се создава и поради сè што се случува во креветот. Покрај ова, просечна личност за неколку денови губи околу десет грама кожа, од која поголемиот дел го „остава“ во креветот.

    – Во текот на сонот се потиме, а нашата кожа испушта маснотии и нечистотија. На чаршафите можат да се пронајдат траги од плунка, урина, генитални течности и фекална материи, истакнува Акерли.

    – Ако постелата не се пере редовно, а лицето кое спие на неа има гребаници или рани на кожата, тие можат да се инфицираат. Габичките на стапалата можат да се пренесат на други делови на телото преку чаршафите. Нередовното менување и на навлаките на перниците доведува нечистотијата да се апсорбира во душеците и перниците, што е многу потешко да се исчисти, додава таа.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.