“Мил мој, жал ми е. Жал ми е што те запоставив последните четири и пол години. Жал ми е што твоите потреби се секундарни. Те уверувам, и понатаму си еден од моите главни приоритети – но повеќе не си на врвот на листата.
Знам дека имаш потреби, желби, соништа и копнежи. Кога ќе ти кажам дека сакам да бидам онаа на која се потпираш, навистина тоа и го мислам. Знам дека си уморен од моите изговори дека сум уморна, дека имам главоболка или дека штом ќе ми се приближиш, р`чам. Верувај ми, би сакала да ја имам енергијата што ја имав пред пет години. Би сакала да ја имам таа енергија кога пред две недели ги исправ, здиплив и наредив сите десет машини алишта. Се разбира, ти тоа не го виде, затоа што ти дозволив да отспиеш, бидејќи сонот ти беше многу потребен.
Знам дека понекогаш се чини како да сме деловни партнери. И во право си. Понекогаш деновите, дури и неделите, така изгледаат. Знаеш дека го сакам најдоброто за нашиот брак, за нас. Бидејќи заедно сме премногу добри.
Проблемот е што мојот живот, мојот мозок и моето тело се премногу оптоварени од фактот дека сум мајка на овие две момчиња кои изгледаат исто како ти. Дури и откако цврсто ќе заспијат и седиме на каучот гледајќи го филмот, мојот мозок и понатаму работи во режимот на мајката.
Размислувам за утре; размислувам за следните десет години. Се прашувам дали е подготвена облеката утре за работа. Загрижена сум за пари, пресвртниците и за млекото. Дали имаме доволно млеко? Не можам да го отфрлам тоа што сум мајка. Токму тоа сум сега. И тоа е физички, емоционално и ментално исцрпувачко.
Не сакам да мислиш дека веќе не си толку важен колку што си бил некогаш. Не можам да го живеам овој живот без тебе и не го сакам тоа. Но, едноставен факт е дека ти си возрасен и дека можеш некои работи да ги направиш сам. Можеш да гласаш, па така можеш и сам да направиш ручек. Законски можеш да возиш автомобил, така што можеш и сам да сфатиш како да закажеш преглед на лекар.
Кога ќе се вратиш дома од работа, ти, за жал, ја добиваш најлошата верзија од мене. На нашите деца им ја дадов онаа најдобрата. Мала тајна: понекогаш, во некои денови, едноставно јас не сум најдобрата верзија на мене. Едноставно не сум.
Не можам да се грижам за твоето здравје, здравјето на момчињата, здравјето на домашните миленичиња и за своето здравје. Што мислиш кој е овде игнориран? Ти не си. Ниту нашите деца ниту нашите миленичиња. Кога велам дека не се чувствувам добро, кога велам дека не спиев добро, тоа е затоа што не се грижев за себе.
Да, кажи ми да одам на лекар, да јадам подобро, да пијам повеќе вода, но јас сум си секогаш последна на списокот. Знам дека морам да го сменам тоа и не се жалам. Објаснувам дека кога нешто треба да се даде, бидејќи никој не може сето тоа да го направи, јас сум онаа која дава.
Се грижам за твојот прекин во дишењето за време на спиење, твоите алергии, твојата спазма на колената. Се грижам за осипот на Алекс, носот на Бен, кој одеднаш почна да тече. Јас сум загрижена за ушите на нашето куче и колку ќе чини ако го однесеме на ветеринар.
Правиш извонредни работи за нашето семејство. Работиш напорно за нашето семејство, далеку повеќе од било која друга личност што ја знам. Ти се грижиш за сè, вклучувајќи ме и мене, повеќе од било која личност што некогаш сум ја сретнала. Те сакам малку повеќе секој пат кога ќе те видам како помагаш знаејќи дека никогаш нема да добиеш ништо за возврат. Ти си најљубезен, најбрилијантниот татко на нашите деца. Постои причина зошто тие плачат кога заминуваш на работа. Да, малку тоа ме боли, но сознанието дека ти си нивниот модел во животот ме исполнува со љубов и гордост.
Јас не сум истата таа со која се ожени пред 11 години. Се сменев и прераснав во жена, мајка, пријател и оној кој се грижи за сите наши секојдневни задачи. Јас сум планер на забавите и личен купувач. Јас сум готвач специјализиран за пилешки медалјони и тестенини. Јас сум домаќинка која не може да ја одржува куќата. Јас сум навивачка и библиотекарка. Јас сум ноќна и дневна медицинска сестра.
Ништо од тоа не би променила. Не сакам ниту еден друг живот. Те сакам и го сакам животот што го создадовме. Но, јас не сум спонтана, весела, несовесна девојка која тогаш ја запозна. Јас сум мајка. И тоа ми е сè.”
Те сакам засекогаш,
Твојата жена
-Laura Birks