За подобар вид треба да внимаваме на исхраната, да ги вежбаме очите, да се одмораме и да ги избегнуваме штетните влијанија на околината.
На нашите очи им требаат витамини А, Ц и Е, храна која се препорачува се жолчка од јајце, зелени листови, жолта бабура, тиква, сладок компир и морков.Постојат неколку корисни вежби за очите со кои доаѓа до подобрување на видот, доколу редовно ги применуваме.
Вежбите нема да ви одземат многу време, а, сепак, ќе го подобрат вашиот вид. Но, не треба да се заборават и штетните влијанија на околината – флуоресцентни светла, зрачење од монитор, хлор во базените, читање во затемнето светло и постојано триење на очите со рацете, што треба да се трудиме да ги избегнуваме.
За крај, одморот е многу важен за нашите очи па доколку немате време за целосен одмор во текот на попладнето, затворете ги вашите очи неколку минути и одморете ги.