Њујоршка проститутка, претставена под алијасот Ејприл Адамс, напишала писмо во кое со обраќа до сопругата на својот клиент.
Во писмото таа и порачува како всушност ќе и го зачува бракот. Прочитајте го писмото:
„Драга сопруго,
Не те познавам, но знам дека е можно сопругот да те изневери со сексуална работничка. Го велам ова затоа што јас тоа го работам, а не ми недостасуваат клиенти.
Но не твојот сопруг, ќе речеш, не тој! Други мажи да, но вашата врска, вашиот сексуален живот, тоа е поразлично. Сте имале тројка со твојата цимерка на факултетот пред 10 години. Изнајмувате дадилка, па секој август одите во Лас Вегас. Ја имате таа посебна приказна со маратоните „Закон и ред“. Имате фантастичен брак!
Да ве прашам: Кога последен пат сте имале три пати секс неделно? Кога последен пат тој се има пожалено на нешто? Зарем не мислиш дека е можно тој да одлучил наместо проблемот да го тегне од твоите раце, да го стави во моите?
Добрата вест е што, ако твојот сопруг се гледа со мене, значи сака да остане во брак. Се одлучува на возбуда на најмалку комплициран начин. Замисли наместо мене да била сосетка, дадилката, твојата најдобра пријателка. Би можела да продолжам, но јасно ти е што мислам.
Јас сум професионалка. Дискретна сум, но и конкретна: моето време, внимание, сексуалност, се мерат во часови, во кои е и твојот сопруг. И она најважното, јас не го сакам него, ниту пак некогаш ќе го сакам. Прилично е неверојатно кон него да чувствувам нешто повеќе отколку кон омилениот келнер.
Никогаш нема да бидам закана за твојот брак, бидејќи кога не работам не сакам да имам врска ниту со еден од вас двајца. Никогаш нема да отидам со него на вечера, ниту пак ќе ви се јавам среде ноќ, а ниту пак ќе спомнувам развод. А, ако дознаеш од него, или е глупав или е многу лут на тебе.
Да, некои клиенти почнуваат да чувствуваат нешто, но таквите се многу малку бидејќи знаат дека она што го правиме е лажно.
Мажите знаат дека мојата желба кон нив е условена со нивната желба да ми дадат пари. Не го замислувај тоа како да гледа ТВ со тебе и децата, а потоа бега во мојата хотелска соба во која со љубов ќе го шепоти моето измислено име. Јас сум надвор од животот. Јас сум работник. Колку и да размислува за мене сексуално, неговите емоции нема да бидат присутни во она што го правиме заедно.
Ако работите имаат потенцијал да се комплицираат од негова страна, секогаш постои сигурносна мрежа: јас коштам.
Според моето искуство, мажите на секс трошат само толку колку можат да си дозволат. Ако ова на твојот сопруг му е потребно секоја недела и може да земе 1.000 долари од домашниот буџет, ќе пронајде некоја која толку наплатува. Ако сака нешто повеќе, не може тоа да го извлече од воздухот.
Ако мисли дека нешто чувствува, ќе го заборави тоа за две седмици како и секоја друга желба.
Што е со болестите? И покрај тоа што го гледаш во филмовите, повеќето сексуални работници денес се веројатно поздрави и посвесни за своето тело отколку просечните службеници. Се сеќаваш ли што реков за својата исклучително лимитирана нежност кон него? А тука се грижите и околу несакано дете. Шансите да носам дете кое е поврзано со работата, се нула отсто.
Можеби се уште не сакаш да спие со мене. Ќе прашам повторно: Кога последен пат сте воделе љубов три пати неделно?
Не велам дека твојата работа е да го правиш среќен. Велам дека можеби ти не сакаш толку често да спиеш со него. Вработена си или си под стрес, а можеби и тој повеќе не те привлекува.
Во тоа е работата. Јас сум тајна состојка на многу здрави работи, бидејќи тој кога е со мене, двајцата добивате секс колку што сакате. Ако го оставиш неговиот мобилен на мир, можеби и ќе дочекате 50-годишница од бракот. Нема на што“.