Една британска студија има едноставен рецепт за брачната среќа – спијте голи!

Поточно, оваа студија испитуваше 1.004 Британци и Британки. Тие што признале дека спијат со партнерот голи или во долна облека се покажа дека се посреќни од оние што спијат во пижами.

„Постојат голем број фактори кои влијаат на успехот на врската. Сепак, еден од нив на кого често не се обрнува внимание е атмосферата во спалната соба. Спиењето голи во кревет или само во долна облека може да ја зголеми чувствителноста на вашата кожа и дава поттик за отвореност и интимност меѓу паровите, што доведува до зголемување на среќата“, вели Stephanie Thiers-Ratcliffe од Cotton USA, кој ја спроведе анкетата.

Исто така, резултатите покажаа дека на половина од испитаниците им пречи ако другата половина јаде во креветот, а речиси 60 отсто од нив не можат да поднесат валкани алишта на подот од собата.