За време на најголемиот сообраќаен метеж од блиндирано возило почнале да летаат банкноти, а луѓето почнале да ги собираат, но нивната среќа беше краткотрајна – полицијата побара сите пари да бидат вратени, а за возврат вети дека нема да ги гони оние што ги задржале.
Early Christmas for NJ commuters! It was raining 💵 on Route 3!! @njdotcom @ABC7NY @News12NJ #commute pic.twitter.com/oNC7bs3fZz
— Sabrina Quagliozzi (@squagliozzi) December 13, 2018
Полицијата на Ист Рутерфорд изјави дека нешто по осум часот наутро ги добиле првите повици за парите што летале од блиндирано возило и несреќите што се случиле кога возачите ги напуштиле своите автомобили ловејќи ги парите.
View this post on Instagram
На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа блиндирано возило Бринкс на патот 15 милји од градот Њујорк и луѓето кои трчаат меѓу возилата фаќајќи ги парите.
„Тоа е многу опасно, сите собираат пари таму”, рече една жена во видео објавено на Твитер.
Полицијата на Ист Рутерфорд објави дека дел од парите биле вратени во вечерните часови, но не објавиле колку, како ни колку вкупно пари одлетале.