Овен – Физичка активност

Енергијата на Овенот може да гори сјајно и жешко. Кога проблемите ќе се натрупаат, овој оган може да излезе надвор од контрола. Решението за овој проблем е еднакво пропорционално на проблемот – кога нештата ќе се вжештат, подигнете ја температурата на телото за да одговара на онаа која ја носите духовно во себе.

Физичката активност која вклучува поголем напор и повеќе потење ги одржува Овните во одлична форма, а енергијата на високо ниво.

Бик – Здрава исхрана

Кога стресот ќе ги вкопа своите канџи во Бикот, тој махинално се врти кон брзата храна и своите пороци. Најдобар начин да се анулира оваа состојба е да се слуша своето тело, бидејќи тоа самото ќе каже кога чувствува глад, а кога досада или стрес.

Подготвувајте си оброци со време, а кога излегувате на вечера планирајте што ќе јадете. Кога изборот на храна е квалитетен и здрав, Бикот зрачи со својата виталност и живост, а смиреноста следува веднаш потоа.

Близнаци – Квалитетни информации

Близнаците обожуваат да учат и да зборуваат. Нивниот знак е предводен од Меркур, планетата на размислувањето и комуникацијата. Кога стресот ќе ги стигне, нивниот мозок започнува да чади.

Круцијално е да добијат што е можно повеќе одговори и информации за да ја смират оваа состојба. Дискусија со пријателите, истражување во библиотека или на интернет како и консултација со доктор ќе им го врати балансот.

Рак – Комфорно гнездо за одмор

На емотивните ракови им е потребно специјално скривалиште во кое ќе одмараат. Тие се приврзани за домот, а идеалната релаксација е во простор во кој има луѓе и предмети кои им се блиску до срцето.

Тие заздравуваат од стресот кога се внесени во некој домашен проект или грижа околу некој близок, но подеднакво важно е да си одвојат време за себе. Одморот во самотија и во омиленото комфорно гнездо кое си го создале најдобро ги закрепнува од стресот и проблемите.

Лав – Создавање

Лавот е креаторот или создавачот во зодијакот. Тој сака да ја споделува својата уникатна индивидуалност со светот, а за возврат да го добие неговото признание. Перфектниот начин да се смират е да создадат или да креираат нешто.

Без разлика дали е пеење песна, сликање или готвење оброк, Лавот започнува да се чувствува подобро во моментот кога создава нешто ново кое може да го сподели со светот. Ништо не е полошо за Лавот од заглавувањето во ситуација кога беспомошно зјапа во телефонот и чека да заѕвони.

Девица – Чистење

Девицата се води по девизата дека сака да го направи светот едно подобро место за живот. Кога проблемите натежнуваат, Девиците беснеат. Тогаш ги вадат своите ракавици и средства за чистење и започнуваат со детално средување на домот. Тие веруваат дека чистиот дом ги чисти и мислите и телото, и на тој начин се опуштаат најдобро, кога создаваат ред и перфектна хармонија.

Терезија – Разговор

Знакот на партнерството секогаш сака да има личност од доверба во близина, на која ќе може да ѝ се исповеда и да се консултира кога стресот ќе започне да надвладува.

Терезиите се високоинтелектуални и голем дел од времето го поминуваат во размислување и пронаоѓање решение за проблемите. Кога дискутираат со доверлива личност, тоа им помага полесно да го отплеткаат клопчето со проблеми, а нивото на стрес полека се симнува. Најдобрата терапија за нив е шолја чај и искрен разговор.

Скорпија – Секс и фантазија

Поврзувањето на духовното, емоционалното и физичкото е одлика на силните Скорпии. А постои ли подобар начин од сексот за ослободување од стресот? Кога сексот не е достапен како опција во моментот или не им е дојдејно баш до тоа, Скорпиите го скокнуваат физичкиот момент и се префрлаат на спиритуалниот – преку фантазирање. Со помош на нивната имагинација, тие го визуелизираат проблемот и позитивниот исход и на тој начин се репрограмираат за подобро утре, бришејќи го стресот како со гума.

Стрелец – Филозофија

Како последен огнен знак во Зодијакот, Стрелците копнеат да ја сфатат суштината на животот и никогаш нема да престанат да се прашуваат која е целта на човекот и неговото постоење. Овој знак е роден филозоф, кој со помош на своето длабоко анализирање и размислување ќе го пронајде своето сопствено и уникатно разбирање на светот околу него.

На тој начин, Стрелците ја создаваат својата заштитина позитивна аура. Кога стресот е на повидок, книгите и инспиративните цитати се нивниот спас, а неретко знаат да ги искажат своите мисли во личниот дневник.

Јарец – Планирање

Животот на неуморните Јарци е како искачување на планина, тие секогаш сакаат да напредуваат и да го гледаат патот кој се извива до врвот. Кога патеката е темна, а Јарецот несигурен за реализацијата на плановите, проблемите започнуваат да се трупаат. Па најдобар начин за ослободување од стресот е деталното планирање.

За Јарецот никогаш не е доволен еден можен одговор, тие секогаш кријат во ракавот повеќе решенија. Така најдобро се релаксираат, со краткорочно, но и долгорочно планирање во временска дистанца од 10 или 20 години.

Водолија – Позитивно размислување и сонување

Овој знак го води надежта, соништата и копнежот. Со еден збор, Водолијата е голем визионер. Таа нема време за секојдневната баналност. Кога е нервозна, се задлабочува во себе и сопствената визија за иднината. На тој начин се фокусира на позитивно размислување, а стресот испарува.

Најмногу сакаат да ги поврзуваат своите позитивни мисли со фотографии на табла која ќе им стои во непосредна близина и секогаш кога ќе им биде тешко, доволно е само да го насочат погледот кон визијата. Тие исто така се одлични во групни активности, па дружбата им делува како лек.

Риби – Медитација

Сè што е возвишено е во фокусот на романтичните Риби. Како последен знак во зодијакот, Рибите се сумарен збир на одредени карактеристики на сите претходни хороскопски знаци.

Емпатични и чувствителни, понекогаш стресот и проблемите се пресилни за нивната кревка природа и желбата да се поврзат со остатокот од луѓето на спиритуално ниво. Најдоброто решение? Медитација. Таа им го прочистува умот и ги поврзува со внатрешната интуиција, започнувајќи да емитува бранови на смиреност и блаженство.