Домашен лек против псоријаза кој можете лесно и едноставно да го направите дома, а потребни ви се само неколку билки.




Во литарско шише или тегла се полни со цвет од кантарион, ситно исечкан цвет од невен и една рака ајдучка трева.




Во шишето потоа се додава масло – најдобро е маслиново или сончогледово.




Теглата треба да стои затворена на сончево место 3 до 4 недели. Ќе знаете дека е готово кога маслото ќе стане црвено. Се прецедува низ газа.




Потоа се додава уште 10 грама масло од смрека и 5 грама масло од лаванда. Се’ добро се меша.




Со добиеното масло се мачкаат заболените места 1 до 2 пати на ден. Маслото може да се употребува и кај други кожни болести: екцеми, лишаи, сува кожа, красти, изгореници.




Ако се потребни облози, се употребува корен од гавез, листови од жалфија.