6 C
Skopje
среда, октомври 9, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Оставете ги цигарите – намалете ја нервозата

    Погрешно е убедувањето на пушачите дека со оставањето на цигарите ќе се зголеми нивната нервоза на подолг временски период, покажуваат резултатите од едно истражување објавено во британското научно списание БЈП.

    Пушачите кои ќе успеат да се откажат од цигарите долгорочно ја намалуваат вознемиреноста, додека кај оние кои нема да успеат доаѓа до нејзино зголемување.

    Група британски научници од Кралскиот колеџ во Лондон и Универзитетот Саутемптон дошле до овој заклучок следејќи 491 пушач, учесници во програмата за откажување на цигарите, во која се комбинираат психотерапија, едукација и лекување со медикаменти.

    Тие со помош на прашалник го мереле нивото на стрес пред престанувањето со пушење, а потоа и шест месеци подоцна.

    Резултатот покажал дека кај пациентите кај кои успеало одвикнувањето од пушење дошло до поголемо намалување на вознемиреноста отколку кај пациентите кои не успеале во тоа.

    Тенденцијата била поизразена кај лицата со некои психички заболувања.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.