Луѓето кои го “прележаа” корона вирусот за Huffington post одлучија да ги споделат своите искуства и за она што би сакале да знаат пред да се заразат со овој вирус.
Тревор Манкин, лутерански пастор од Сиетл, како особено важна работа го истакнува фактот колку брзо се шири овој вирус и дека начинот на кој тој се пренесува сè уште е мистериозен.
Тој вели дека на 1 март бил да посети свој пријател во болница, за кого подоцна се утврдило дека боледува од Ковид 19.
Иако Тревор ги презел сите можни превентивни мерки – носел маска и темелно ги измил рацете после посетата, и тој и неговата сопруга почувствувале исти симптоми веќе само после неколку денови.
Потоа на 11 март се тестирале и се покажало дека и тие се позитивни. Пред да се појават симптомите, Манкин застанал во својата канцеларија да земе некои документи.
Следниот ден неговата секретарка отишла на работа. Иако немал никаков контакт со неа – освен што ја допрел кваката на вратата и се закашлал во собата во која таа подоцна влегла – и таа се заразила и се разболела од Ковид 19.
Исклучително брзо се шири. Се чини дека нема врска дали сте биле во контакт со некој заболен или не – вели пасторот. Поради тоа, додава, многу е важно да се изолирате колку можете повеќе, за да се спречи ризикот од ширење на вирусот.
Кјара Диџалоренцо (25) од Мајами се бори со овој вирус уште од 6 март и напоменува дека е далеку поразличен од обичниот грип или настинка, како што многумина си мислат.
“Почна со температура и умор, а сфатив дека нешто не е во ред кога започна да ме стега градниот кош” – вели таа.
Не е ни одблизу налик на грипот, бидејќи повеќето заболени буквално се борат да дојдат до здив” – вели Кјара. Кристи, жена од Сиетл која неодамна оздраве од Ковид 19 вели дека корона вирусот е неспоредлив со обичните вируси и грипот.
Околу 80% од луѓето ќе го доживеат она што лекарите го нарекуваат “лесни симптоми” – покачена температура, сува кашлица и ќе се опорават дома.
Меѓутоа, тоа никако не значи дека не треба да се придржувате кон правилата за изолација кои сега веќе ги има во сите земји на светот.
Ако младите луѓе го пренесуваат вирусот на оние кои се помалку отпорни, тоа може да биде многу опасно – предупредува Кјара и додава дека и младите мора да бидат свесни за опасностите и дека никој не е непобедлив.
Извор: Galama