6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Од Македонија си замина како младо момче, а денеска е сопственик на три ресторани во Германија (ФОТО)

    Приклучувајќи му се на семејството, Армин Садики од Групчин, тетовско Желино, реши да замине во Германија и да го реализира својот сон во областа на гастрономијата.

    Имал само 16 години кога ги започнал студиите од областа на угостителството, а заврши со успех образование на германски јазик. Потоа, започна да ја практикува неговата професија со тоа што на почеток менаџираше еден ресторан, па уште еден и конечно Армин го има и третиот ресторан.

    Армин од Македонија со неговиот успех стана дел од главните страници на германските весници. Дневниот германски весник „Moz.de“ пишува дека ресторанот „Am Yachthafen“ во Фурстенберг, по четврти пат го менува својот сопственик.

    Овој пат, новиот сопственик не е никој друг освен Армин, кој во понеделникот потпишал договор со поранешниот шеф Јоаким Шок и Јохен Кон, пренесува Штегу.ком.

    Младото момче од Македонија во неговите ресторани повеќе служи италијански специалитети, а пак многубројните германски гости како и други, секогаш се задоволни од неговите јадења.

    Извор: Slobodenpecat.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.