Голем број жени сметаат дека по 30-те стануваат помалку привлечни за партнерот, но вистината е дека во третата деценија од животот понежниот пол зрее сексуално.
Многумина мажи мислат дека младите жени се добри љубовници, но новото истражување покажа дека дамите во зрела возраст се посигурни во својата сексуалност. Тие се свесни за квалитетите и желбите и полесно се помируваат со некои физички недостатоци. Слабите манекенки на телевизија веќе не се мерило за убавина, бидејќи жените над 30 години се чувствуваат удобно во својата кожа. Во позрела фаза од животот тие оставиле зад себе неколку сексуални партнери и се запознаени со сопствените преференции и навики.
Знаејќи го ова, тие можат полесно да ги задоволат сопствените потреби и фантазии во интимните моменти. Повеќе зрели жени се издвојуваат од младите со вештини за да комуницираат со партнерот не само за работа и забава, туку и за секс и односи.
За крај на истражувањето научниците објаснуваат дека сексот за жените во 30-тите години веќе не е докажување, туку уживање. Изгледот не е единствениот услов за привлечност, бидејќи со годините жените имаат професионални и лични успеси и го привлекуваат спротивниот пол во сосема нов контекст.