Македонската репрезентација го доби противникот во бараж средбите за пласман на Мундијалот, што ќе се одржи во Германија и Данска, во јануари следната година. По обезбедниот пласман во втората рунда на ЕП, Македонија го имаше статусот на носител пред ждрепката.

Фортуната сакаше противник на Македонија да биде Романија предводена од шпанскиот тренер Чави Пасквал. Романците одамна се борат да се вратат на старите патеки, но нас останува тоа да им го оневозможиме барем следнта година.

Бараж средбите се играат во средината на јуни годинава, а победникот ќе обезбеди место на Светското првенство во Германија или Данска. Македонија ќе биде домаќин на првата средба, на 6 или 7 јуни, додека реваншот ќе биде една седмица потоа.

Дерби дуели ќе играат Словенија и Унгарија, а интересно ќе биде и на двобојот меѓу Хрватска и Црна Гора.

Бараж двојки за СП:

Србија – Португалија
Литванија – Исланд
Чешка – Русија
Словенија – Унгарија
Белорусија – Австрија
Македонија – Романија
Холандија – Шпанија/ Шведска
Норвешка – Босни и Хереговина/ Швајцарија
Хрватска – Црна Гора

Извор: 24Rakomet.mk