Тинејџерот од Мичиган, Џонатан Кроу пред два месеци го загуби својот татко.
Пред некој ден Џонатан наполни 16 години и најголемото роденденско изненадување стигна токму од неговиот починат татко.
Џонатан бил вљубеник во музиката, па татко му решил да му подготви гитара, како изненадување за 16-от роденден.
– Дента го земав брат ми од училиште и му ставив превез преку очите. Отидовме во музичкиот центар каде го доби изненадувањето со порака: „Среќен роденден пријателу. Твојот татко е многу горд на тебе, напиша сестра на Џонатан, Чендлер на Фејсбук, објавувајќи ја приказната.