Сексот е физичка врска која ги поврзува двете лица. Најубавото на сексот е дека може да биде исклучително разновиден доколку парот тоа го сака. Секс позите се неистражен простор кој го држи интересот на партнерите и ги предизвикува нивните желби.
Веројатно секој од вас има омилени и не толку омилени секс пози. Поради тоа сега ќе разјасниме што чувствуваат мажите при реализирање на едни од најпопуларните секс пози…
Мисионерска
За мажите, како и за голем дел од луѓето, мисионерската поза е класика. Таа е позата на која луѓето инстинктивно се впуштаат. Мажите ја сакаат, бидејќи им дава доверба да ја контролираат брзината и интензитетот на сексуалниот чин. Тие можат да го забават или забрзаат темпото, да го одложат или провоцираат оргазмот. Според мажите оваа поза ги тера да потонат физички и емотивно во партнерката. Мисионерската поза покрај сето ова им овозможува на мажите да ги стимулираат со усните едни од најерогените зони на женското тело – вратот, областа околу ушите и деколтето.
Јавачка
Јавачката е омилена поза за мажите. Со неа се откриваат толку места на кои можат да ги стават своите раце, а претежно на женските гради. Иако оваа поза ретко предизвикува постигнување оргазам, таа е привлечна и топла, според мажите. Погледот на женските гради е омилен на секој маж. Нема таков кој ќе го одбие!
Кучешка
Кучешката поза е груба и во очите на мажите, но во добра смисла на дефиницијата. Оваа поза вистински им се допаѓа на многу мажи, бидејќи ја гледаат целата убавина на грбот и задните делови на партнерката, а пенетрацијата им испорачува животинско задоволство. Страста во оваа поза е неоспорна. Ова е една од најдоминантните секс пози за мажите. Тие можат да го контролираат темпото, длабочината и жената во целина.
Лежечка
За некои лежечката е многу тешка поза, иако обезбедува одлични чувства. Телото на мажот се притиска во женското, и дава идеална синхронизирана крива. Оваа силна интимност ја прави позата омилена на многу мажи и жени.