6 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Направете го ова за него и тој повеќе нема да погледне во друга!

Секоја врска по некое време минува низ криза и постои опасност се да заврши, затоа што веќе ви е здодевно или лесно се лутите за ситници. Во овие моменти треба да се однесувате мудро и да не дозволите нешто што сте го имале и одржувале, да се распадне.

sexy

Потрудете се токму вие да внесете нешто ново со што ќе го освоите и тој ќе остане само ваш.

1. Бидете спонтани – Изненадете го со резервација во ресторан во друг град или купете билети за концерт.

2. Нова секси облека – Купете секси долна облека или едноставен фустан кој веднаш ќе посака да го соблече.

3. Направете нешто ново – Не плашете се да пробате нови работи и да направите нешто што порано не сте го направиле или не сте можеле ни да го замислите. Научете нови работи. Важно е постојано да останете негов интерес.

4. Имајте свои пријатели – Ако види дека имате многу пријатели ќе разбере колку е среќен што и покрај сите нив сте го одбрале токму него и токму тој ви го привлекува вниманието.

5. Одете на состаноци – Треба повторно да се освојувате еден со друг, како од првиот момент кога сте се заљубиле.

6. Дајте му го она што сака – Ако знаете дека има некакво омилено јадење, пригответе му го. Ако знаете дека сака да гледа некој спортски натпревар, купете му и пиво и грицки, јавете се на неговите пријатели и изненадете го. Вистинскиот маж ќе знае да го цени тоа.

7. Не го губете интересот кон него – Ако не сакате и тој да изгуби интерес за вас, тогаш не го губете ниту вие. Ако двајцата сте среќни и вклучени во животот на другиот, никогаш нема да имате проблем.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.