Напитокот кој многумина го конзумираат како прва помош при замор може сериозно да го загрози здравјето на организмот.
Многумина сметаат дека овој напиток е неопходен, но истражувачите покажале дека еден од предизвикувачите на серозните физички и психички заболувања е токму овој пијалок.
Енергетските пијалови содржат големи количини на шеќер, 4 пати повеќе кофеин од кафето, витамини, минерали и стимуланси кои не се хранливи. Голема количина на кофеин и шеќер може сериозно да го покачи крвниот притисок и да го загрози здравјето на срцето.
Истражувањата потврдуваат дека овој пијалок доведува до здебелување, несоница, болки во стомакот, иритација на цревата и сериозно оштетување на бубрезите.
Ако се пие во големи количини го загрозува психичото здравје, па често се јавува и агресивност, голема чувствителност на стрес и анскиозност.