Земајќи ги предвид неконвенционалните методи за подучување, учителката Озлем Пинар Иваску од осново училиште во турскиот град Измир, ѝ дозволи на мачката Томби да присуствува на часовите.
Со ова таа сакала да ги заинтересира децата за учење и часот да им биде поинтересен.
Мачката, која децата првин ја хранеле во дворот, почнала да влегува во училиницата и така станала една од десетиците „ученици“, објави „Анадолија“.