6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Македонците четврти во светот по бројот на испушени цигари во еден ден

Македонија е во светскиот врв по потрошувачката на цигари. Ние го држиме високото четврто место во светот на листата од 184 земји. Единствено пред нас се: Црна Гора, Белорусија и Либан.

Иако Македонија е високо на листата за потрошувачка на цигари, сепак, продажбата од 2013 година наваму, бележи пад од 2 до 4 отсто на годишно ниво.

Директорот на пазарот за Македонија, Косово и за Албанија на „Империал тобако“ Кирил Величковски вели дека Македонците во просек пушат по 18-19 цигари дневно.

Според Величковски, падот на продажбата на цигари се должи на законската регулатива, ценовните политики, здравствениот аспект и на економската моќ на луѓето.

Кампањата со фотографии на цигарите за штетните последици, исто така, придонело за падот на продажбата на цигарите.
Пад на продажбата на цигарите има и во Европа, каде во последните 15 години продажбата е падната меѓу 2-6 отсто.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.