6 C
Skopje
недела, ноември 9, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Маж и жена се сретнале еден со друг во хотел во придружба на своите љубовници

Нивните љубовни афери се откриени кога за несреќа снемало струја во хотелот, па и двајцата полуголи излегле од своите соби.

Еден од сведоците за локалниот весник Standard изјави дека во моментот кога тие двајца се виделе, почнале физички да се пресметуваат пред очите на сите гости.

„Видов како жената почна да вика, зграпчувајќи го својот сопруг, а потоа тој ѝ удри шлаканица. Нивните љубовници, кои се уште беа во собите, излегоа да видат што се случува. Набргу исчезнаа во темницата”- кажа сведокот.

Во извештајот на полицијата стои дека сопругот ја излажал својата жена дека треба да остане подолго на работа, а потоа организирал состанок со љубовницата.

Вработените во хотелот кој се наоѓа во градот Млолонго рекоа дека и двајцата биле чести гости во хотелот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.