Уставното собрание на Венецуела одлучи претседателските избори да се одржат до 30 април, а претседателот Николас Мадуро изјави дека е подготвен повторно да се кандидира за претседател. Тој додаде дека неговата владејачка Социјалистичка партија ќе избере единствен кандидат на партиската конвенција на 4 февруари.
Мадуро нагласил дека, доколку биде избран, ќе ја искористи можноста да ги измери силите со своите противници.
Уставното собрание одреди дека изборите во земјата треба да се одржат до 30 април, што пратениците едногласно го усвоија.
Одлуката е донесена во моменти додека владејачката Социјалистичка партија настојува да ја зацврсти власта, а економската криза во Венецуела се влошува, пренесуваат светските агенции.