6 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Лесно но ефективно – Нови трикови за слабеење

Сите знаеме дека ако сакаме да ги намалиме килограмите, треба да јадеме помалку и да вежбаме повеќе, но во пракса тоа и не е толку лесно.

За среќа овој проблем е глобален и постојано се прават истражувања на оваа тема, кои покажуваат дека постојат одредени трикови кои можат да ви помогнат полесно да ја освоите битката со килограмите, да бидете поздрави и подобро да се чувствувате во врска со себе.

  • Во јогуртот секојдневно додавајте малку цимет. Вкусот е моќен двигател на метаболизмот. Половина мала лажичка цимет дневно може да ви помогне да согорите 1 килограм повеќе во тек на месец дена.
  • Никогаш не јадете на работната маса. Истражувањата покажуваат дека лицата кои јадат на работната маса внесуваат околу 250 калории повеќе за време на еден оброк.
  • Смејте се. Со 10 до 15 минути смеење согорувате околу 300 калории.
  • Пијте сок од моркови. Една чаша природен цеден сок од морков ќе ви помогне во тек на 12 недели да изгубите 2 кг повеќе од лицата кои се на истата диета, а не пијат сок од моркови.

  • Земајте суплемент за калциум. Со помош на калциумот може да изгубите до 2,6 повеќе килограми од лицата кои не пијат калциум.
  • Додека вежбате слушајте музика. Музиката ќе ви даде додатна мотивација за вежбање.
  • Секогаш кога сте во можност вежбајте во група. Лицата кои вежбаат во група согоруваат повеќе калории бидејќи меѓусебно се мотивираат.
  • Јадете црвена пиперка, таа содржи супстанца која го поттикнува метаболизмот.
  • Стресот за работа е една од најзастапените причини за прејадување. Контролирајте го стресот со дишење, а не со прејадување.
  • Вежбањето наутро помага во побрзо согорување на мастите, бидејќи вашето тело е приморано да троши од насобраните резерви.

  • Грицките заменете ги со свежо овошје.
  • Засладените сокови заменете ги со незасладена лимонада.
  • Исклучете го телевизорот додека јадете. Се смета дека гледањето ТВ за време на оброците го зголемува внесувањето на храна, како и телесната тежина за околу 3,5 кг годишно во просек.
  • Јадете од мали чинии.
  • Секогаш користете го приборот за јадење правилно, на тој начин јадете побавно, повеќе уживате во храната и помали се шансите да се прејадете.
  • Вареното јајце е идеален појадок. Богато е со хранливи состојки, а има малку калории.

  • Слушајте смирена класична музика за време на оброкот. На овој начин ќе бидете опуштени, повеќе ќе ја џвакате храната и побргу ќе почувствувате ситост.
  • Водете љубов често. Освен што ќе согорите калории, хормонот кој се лачи при возбуда и оргазам ја поттикнува работата на метаболизмот.
  • Калинката ја намалува можноста за таложење на маснотиите, па затоа кога ќе имате прилика купете го ова овошје.
  • Гответе. Готвењето согорува калории и ви овозможува контрола над состојките кои ги користите. Но, никако не грицкајте додека го приготвувате оброкот.
  • Пијте зелен чај, тој содржи состојки кои ја поттикнуваат работата на метаболизмот.
  • Воведете барем еден оброк со спанаќ неделно. Спанаќот го поттикнува оргазнизмот полесно да ги преработи мастите.

  • Барем еднаш неделно јадете оброк зачинет со лута црвена пиперка. Ензимите во лутите пиперчиња му помагаат на телото да ја користи енергијата од мастите, а не онаа од јагледхидратите.
  • Кога пиете сокови пијте во голтки, и по секоја голтка спуштете ја чашата.
  • Појадувајте. Оние кои го прескокнуваат појадокот имаат побавен метаболизам.
  • 15-тина минути пред оброкот јадете јаболко. На овој начин ќе конзумирате 187 калории помалку во просек.
  • Користете маслиново масло за салати. Тоа содржи протеини кои ви кажуваат кога вашето тело е сито, и на тој начин полесно ќе го спречите прејадувањето.
  • Правете сендвичи со домати: доматите ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити, отколку кога би јаделе сендвич без домати.
  • Не прескокнувајте оброци и не правете премногу долги паузи меѓу оброците.
  • Јадете ананас, тој содржи супстанци кои го поттикнуваат варењето.

  • Оцетот во храната го убрзува разградувањето на мастите, па затоа со оброкот јадете салата зачинета со оцет.
  • Продуктите богати со витамин Ц го поттикнуваат метаболизмот.
  • Секогаш седете додека јадете. На овој начин се јаде една третина помалку отколку кога јадете во движење.
  • Јадете во друштво. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат во друштво внесуваат помалку храна, особено жени во друштво на мажи.
  • Избегнувајте енергетски пијалаци и алкохол.

Ефектите треба да бидат евидентни.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.