Научниците проценуваат дека сексуалното искуство стекнато пред бракот, влијае на квалитетот на семејниот живот.

Иако машкиот сон е невестата да се покаже девица тоа е исклучително смешна претпоставка барем во денешно време. Особено од гледна точка на современите жени. Но истражувањата во оваа област покажаа дека жените кои се мажат за своите први и единствени сексуални партнери, не се голема реткост – во просек 23% во цивилизираниот свет, т.е речиси секоја четврта жена.

Сексуалниот живот пред бракот и последователните семејни односи се меѓусебно поврзани. Анализите на научниците покажуваат дека колку повеќе сексуални контакти имала жената пред бракот, толку е понесреќна во семејниот живот. Повеќе од половината од дамите кои ја изгубиле невиноста во кревет со својот сопруг или вереник, изјавиле дека се целосно задоволни од бракот и уживаат во семејството.

Меѓу жените со еден или двајца љубовници пред свадбата, имало 42% задоволни, додека кај оние кои имале над десет сексуални партнерот, едвај 20% можеле да се пофалат со семејна среќа. Тоа е така бидејќи жените кои имале многу сексуални партнери, ги споредуваат своите сопрузи со нив, што не е секогаш во корист на партнерката.

Научниците препорачуваат младите девојки да не го брзаат почетокот на нивниот сексуален живот за да имаат подобри шанси за среќен брак.