Претставничките на понежниот пол можат да издржат околу 2 месеци без секс, но за разлика од нив машката апстиненција трае максимум 3 седмици, се вели во новото истражување.

Тоа е така бидејќи жените се многу поемоционални и воздржани, па можат да се задоволат само со бакнеж или прегратка од саканиот.

Се разбира, влијаат и други фактори како темперамент, возраст, ритам и стил на живот. Дваесетгодишните имаат многу повисоко ниво на тестостерон и имаат потреба од секс многу почесто. Дури и кратка интимна пауза може да доведе до напнатост и гнев. После тоа настапува периодот во кој предност има квалитетот пред квантитетот.

На 30 години мажот веќе не е толку обземен од идејата за секс зашто има нови приоритети, фокусирани врз кариерата, семејството, децата. Сексот преминува во планиран настан за опуштање и намалување на стресот. При секс трипати неделно мажите на средна возраст се на седмо небо.

Кризата е најголема на 40 години. Според експертите физичката разлика меѓу 30- и 40 -годишните мажи не е голема, но постои огромна пропаст на психолошко ниво.