6 C
Skopje
среда, октомври 4, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кои се трите најлажливи хороскопски знаци?

    Некои луѓе лажат повеќе од другите. Астрологијата открива во кој знак се родени најголемиот број од нив.

    laze

    Лав

    Лавот мора секогаш да биде во центарот на вниманието и спремен е на сè за да го постигне тоа. Знае да лаже и да измислува приказни со кои ќе се претстави во најдобро светло. Ако ги фатите дека лажат тие нема ништо да признаат, туку ќе смислат нови лаги за да ви го докажат спротивното. Знаат како да ве убедат дека црното е бело и обратно.

    Риби

    На Рибите воопшто не им е тешко да лажат наоколу за да го зачуваат својот добар углед. Овој знак е познат по својата посесивност, љубомора и самосожалување, но и по тоа што сака кај другите да предизвика завист. Тие и онака живеат во својот свет од фантазијата, односно во лажен свет, па не им е тешко да измислат нешто за да ве направат завидливи. Суптилни се и така добро знаат да смислат лага што во неа сите ќе можат да препознаат вистина. Понекогаш и самите веруваат со своите измислици и полувистини што, па дури по некое време веќе не сфаќаат дека лажеле.

    Близнаци

    Близнаците се прави шарлатани кога станува збор за лажењето. Знаат убаво да ви ја спакуваат лагата и да ви ја претстават на сосема природен начин. Додека вие се свестите дека ве лажат, веќе следува нова лавина лаги од нивна страна. Тие честопати знаат да ја изневерат довербата која им е укажана. Толку често лажат, што по некое време заборавиле што кажале, па ќе измислат некоја нова лага и самите себеси се негираат. Затоа се и знакот кој најлесно можете да го фатите дека ве лаже. Не можат да сочуваат тајна која им е доверена, но кога ја откриваат и малку ја зачинуваат. Тие не ја извртуваат вистината, туку само си играат со неа.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.