Конкретната причина за тензичната главоболка не е позната, но експеритите сметаат дека се јавува за време на контракциите на мускулите на лицето, вратот и кожата на главата, најверојатно, при силни емоции, стрес и напнатост.
Имено, најважно е да се обидете да се опуштите – масажа на рамената може да ви помогне во тоа, прошетка, како и редовни физички активности.
Обрнете внимание на исхраната – внесувајте поголема количина овошје, зеленчук, јаткасти плодови, храна богата со здрави маснотии и минерали како што се магнезиум и калиум.
Внимавајте на држењето на телото додека стоите и седите, и избегнувајте подолго време да седите во неправилна положба, особено ако долго време поминувате работејќи на компјутер.