Мажите што редовно вежбаат имаат подобра сексуална функција од оние што ги мрзи да се поместат. Ова не е изненадување, само ви ја донесуваме точната пресметка.

Еве што треба да направите за да имате повеќе енергија, и за да ви трае сексот онолку колку што вие ќе одлучите, а не додека ја загубите силата:

Во текот на неделата би требало да вежбате два часа, доколку се одлучите за трчање или за пливање. Ако сепак тоа е преголем залак за вас, можете да се обидете со три и пол часа умерена физичка активност неделно или шест часа активност со низок интензитет, како што е, на пример, прошетка. Мажите што се во добра форма имаат посилна ерекција и во состојба се подолго да издржат. За силна ерекција пресудна е добра циркулација, па проблемите со ерекција можат да бидат знак дека треба да се позанимавате со кардиоваскуланото здравје.

Маж што во четириесеттите години од животот има проблеми со ерекција, изложен е 50 пати на повисок ризик од инфаркт во следните десет години од својот врсник што ги нема тие маки. Значи, вежвајте – ќе бидете поздрави и подобри во креветот!