Овој ефикасен рецепт против проширени вени и тромбоза се пренесува од поколение на поколение, бидејќи дава гарантирани резултати. За подготовка ќе ви бидат неопходни само 1 чаша свежо овчо млеко и 1 бебешки сапун.

Изрендајте го сапунот во млако или студено млеко, промешајте и со добиената смеса мачкајте ги проблематичните места од долу нагоре 3 пати дневно. Многу е важно да запамтете: мачкањето секогаш се прави во насока кон срцето, значи од долниот крај на екстремитетите, па нагоре.

При пајаковидни мрежи од испукани крвни садови кои површински се гледаат, нанесувањето е локално.

Нанесувајте облози на нозете, трипати дневно. Ставајте обилно од смесата. Од започнувањето на постапката, треба да помине еден месец, меѓутоа првите ефекти ќе ги забележите по втората седмица.

Ако подготвите поголема количина, истата чувајте добро складирана во фрижидер.

Пред да започнете со користење на народните лекови, консултирајте се со вашиот матичен лекар!

Извор: NMD.mk