6 C
Skopje
сабота, октомври 5, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ивана од Скопје: Пред мои очи се случуваше драма, татко нема 150 денари да му купи на детето сијалица

    Mу дадов 200 денари да му ја купи светилката на детето, а вие светете си по кафани!“ – емотивен статус на Скопјанка на социјалните мрежи..

    “Одам во банка, за да се информирам за париве од ДИК што се случува, доаѓа еден човек, сиротиот смрзнат, го држи детенцето за рака, го убедува дека парите за социјално ги пуштиле така го известил некој пријател и дека ќе му ја купи светилката на детето. Ееееј ветена светилка од 150 денари.

    Чека во редот, му соопштуваат дека нема пари за социјално детево почнува да плаче. Вадам 200 денари од џеб и му ги ставам на детево во јакничката…. Ми дојде да плачам. Детенцево го гледа татково полно со среќа демек да ги задржи париве. Му велам дека мене ми префрлиле (од парите ни трага), татково се заблагодарува и се насочуваат кон продавничката над Стопанска банка за играчки.

    Одам по нив и јас да ја купам таа фамозна светилка од 150 денари. Тие на каса, детево го зима кусурот од 50 денари и ми го дава. Ме гушка ко да му купив кревет а не светилка која ја чека цел месец. Му ги оставам паричките, се врти накај таткото и му вели:

    “Гледаш тато како живеат богатите….”
    Како да гледаше поинаку кон својот татко… А кутриот со бастун. Не знам што му се случило, како животот се поиграл со него, ама овој човек чекаше во редот… Чекаше 1400 денари за да му купи фамозна светилка на детето….Тешко до болка ми падна што човекот го правите стока во очите на своето дете. Имаше години некаде колку Калина. Премногу е мало да разбере дека јас не сум богата, дека неговиот татко да не го имаше до себе како помагало бастумчето ќе беше исто „богат“ како јас…

    Тој „безвреден“ со бастун можеби е инвалид поради некое исфрустрирано лајно, издрогирано, алкохолизирано од новото БМВ што татко му му го купил за шестка по предметот кој го полагал единаесет пати. Не знам така ми дојде да размислувам… А во очите на детето се гледа омаловажување…

    Како и да е, штом ги добијам парите од ДИК ги носам кај децата без родители. Ќе купам сокчиња, грицки, ќе додадам нешто ситно… Барем да го заокружам денот убав… И тие пари ми требаат… Ама гледаш што се случува… Светилка од 150 денари….Светете си Вие по кафеани, светете по журки, ручеци, скапи облеки, наќит, автомобили… Светете….”

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.