Голем број научни истражувања покажуваат дека домашните миленичиња имаат позитивна улога во психо-физичкиот развој на децата, затоа што децата кои се дружат со миленичињата остваруваат подобра комуникација со луѓето, сочувствуваат и се мошне грижливи.

На оваа листа има уште неколку причини, зошто е убаво децата да имаат животни:

Одговорност – Милениците бараат постојана грижа и нега, гладни се, сакаат да одат на шетање и некој да си игра со нив, така што малите сопственици уште од мали учат да бидат одговорни за некој друг.

Самодоверба – Ако се успешни во извршување на своите обврски кон кучето или мачето, децата подобро ќе се чувствуваа и ќе имаа добро мислење за себе, ќе бидат горди на себе.

Дисциплина – Децата преку животните учат и за дисциплината. Ако, имаат куче, ќе го учат како да се однесува и како да слуша, што влијае и на нивната послушност.

Отсуство на стрес – Докажано е дека децата се помирни со миленичиња, а само милувањето на кучето може да им даде чувство на сигурност и пријатност, токму како што и предењето на мачката може да смири и да ви даде утеха.