Чоколадото ги буди вкусовите, но дали знаете дека може да ве разбуди и вас. Причината е кофеинот кој го има нешто помалку од шоља кафе.
Една шоља кафе содржи околу 100 мг кофеин, а чоколадото зависно од тоа колку какао содржи во себе, може да има од 20 до 80 мг кофеин во 100 гр чоколадо
Чоколадото содржи уште еден стимуланс, а тоа е теобромин. Што во буквален превод би се превело храна за богови. Теоброминот е опасно да им се дава на кучиња и мачки, затоа што бавно го метаболизираат, а мошне брзо може да го забрза пулсот и да предизвика несоница.
Ако толку многу го обожавате чоколадото и не можете без него дури и пред спиење, тогаш земете бело чоколадо тоа не содржи кофеин ниту теобормин.