Ако погледнеш наназад, сигурно веќе знаеш сама дека прекинувањето на една врска не е најлесниот период, а ако во моментов си во процес на прекинување, овие пет чекори ќе ти помогнат да го преживеш сето тоа малку полесно. Еве како…
Чекор еден: Бришење!
Од Facebook, од Инстаграм, од Twitter и од мобилен телефон. Колку помалку е присутен во животот, толку помалку ќе бидеш принудена да му пишуваш или да му се јавиш, или уште полошо – да плачеш по него.
Чекор два: Зачувај го пријателството за подоцна
Можеби можете да бидете пријатели, но не и сега. Сега е времето кога ќе треба да се ослободиш од целото негово присуство. Се друго ќе биде само лажна надеж дека еден ден ќе бидете заедно.
Трет чекор: Престани да следиш секој негов чекор
Дури и да го избришеш од својот живот, социјалните мрежи овозможуваат без проблеми да го набљудуваш и да мислиш што ќе биде ако сте повторно заедно. Ова во никој случај не го олеснува процесот на опоравување од болката.
Четврт чекор: започни да контактираш со нови луѓе
Знаеме дека сеуште не си подготвена, но никогаш нема да бидеш ако не почнеш сега! Не треба веднаш да најдеш ново момче, но е добро да се потсетуваш дека има и други кои можеби се подобри од претходниот.
Чекор пет: Не споредувај
Природно е дека ќе сакаш да ја споредуваш старата со новата врска, но тоа не е фер спрема новиот човек во твојот живот. Од старата врска научи ги само лекциите, но дај шанса и на новата врска да се развива, независно од тоа што било претходно.